Ажурирање на податоци

 

Со цел точно и навремено доставување на редовните годишни известувања за состојбата на Вашата пензиска заштеда, како и соодветно остварување на Вашите права во врска со пензиската заштеда во иднина, од особена важност е Вашите лични податоци да бидат точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови и/или пензионирани членови.

Ви стојат на располагање повеќе начини за ажурирање на личните податоци:

1. Електронско ажурирање преку нашата интернет страна со пристап до Вашата лична сметка. Најавете се во Вашата лична сметка со Вашето корисничко име и лозинка кои Ви ги доставуваме во рамките на Годишниот извештај за пензиска заштеда, кликнете на Лични податоци, променете ги податоците кои се неажурни и изберете каде да го добиете кодот за конфирмација на ажурирањето. Оваа опција е овозможена за членови или пензионирани членови кои веќе претходно ни имаат доставено податок за важечки мобилен телефонски број или е-маил.

2. Ажурирање по писмен пат, при што треба да посетите некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје или дојдете во седиштето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и да пополнете Барање за ажурирање/корекција на личните податоци во присуство на овластено лице/агент на Друштвото кое ќе изврши увид во Ваш валиден документ за лична идентификација. 

3. Достава на Пополнето Барање за ажурирање на податоци по пошта. При вакво ажурирање на податоци ќе бидете контактирани од Друштвото со цел утврдување на идентитетот на испраќачот на Барањето, при што телефонскиот разговор ќе се снима.

4. Ажурирање со телефонски повик на 02/15-500. Во согласност со регулативата со телефонски повик е дозволено ажурирање единствено на адреса на живеење и/или адреса за коресподенција. При вакво ажурирање ќе се изврши идентификација на членот при што телефонскиот разговор ќе се снима. 

Важно !!! При ажурирањето/корекцијата на личните податоци, можете да побарате Вашите годишни извештаи за пензиска заштеда да ги добивате по електронски пат, за што во Барањето за ажурирање/корекција на лични податоци и во Формуларот за избор на начин на известување треба да внесете и Ваша активна е-маил адреса.